Македонските работници се попродуктивни отколку што се платени, покажа истражувањето на центарот за економски анализи ЗМАИ и на Виенскиот институт. Во истражувањето кое ги обработува економско – социјалните податоци за тоа колку Македонија е блиску или далеку од просекот на Европската унија во осум параметри, меѓу кои е економијата, здравството, социјалната заштита, стои дека постои простор за да се зголемува просечната плата
„Тоа што го кажува ова истражување е дека ние во моментов сме на, врз основана просечната плата, на една третина од европскиот просек, односно 33%, а од аспект на продуктивност сме на 50%. Ако ги гледаме само овие два фактори, можеме да кажеме дека ние имаме поголема продуктивност од тоа што сме платени, кај нас треба по ди фолт да растат платите. Дали има простор за растење на платите? Да. Дали треба да растат платите? Да. Дали треба на сметка на продуктивност да растат платите? Јас би рекол не.“, порача Виктор Митевски.
Истражувањето исто така сугерира дека растот на платите треба да се постигне преку примена на технологии, дигитализација и подобрување на квалитетот на економијата.
„Ако си има о предвид дека во Македонија 73,3% приимаат плата под просечната плата, тогаш овој процент на сооднос на просечната плата во Македонија и на просечната плата на Европската унија ќе оди далеку подолу и тоа ќе покаже дека македонските работници се далеку попродуктивни од тоа што се платени. Тоа што ние, како се ССМ го збруваме изминатиот период веќе се потврдува од независни анализи, кои сметаме дека треба да ги слушнат креаторите на политиките и работодавачите и конечно, да влезат во спиралата на раст на плати на македонските работници.“, вели Слободан Трендафилов.
Официјални статистики за просечната плата покажуваат дека во јули, август и септември 2025 година има континуиран раст, со зголемување од околу 10% во споредба со претходната година. Просечната месечна исплатена плата во август 2025 е околу 45.310 денари, а во јули 45.276 денари.
