Синдикатот на културата на Република Македонија најави протест за 28 април со почеток во 13:00 часот пред Уставен суд.
Под мотото „кога гасите уметници, го гасите светлото“, Синдикатот го најави протестот на кој повикува на масовност.
„Не постои општество без култура. Не постои иднина без уметност. Не постои правда ако гласот на уметниците се замолчува. Ова не е само борба за уметниците, ова е борба за достинството, за слобода, за право на израз. Ако денес молчиме, утре ќе нема кој да зборува“, велат од Синдикатот на културата.
