Министрите на Алијансата за Албанците денеска го имаат првиот работен ден во владиниот кабинет.
Владата свика седница, но сега со 4 нови министри, откако синоќа Собранието го изгласа новиот владин состав со 65 гласа „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан.
За време на гласањето имаше проблем со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, кога претседателот на Собранието, Талат Џафери, го стави на гласање името на Кренар Лога, за министер за правда.
За Лога имаше само 64 гласа, бидејќи го немаше гласот на Тачи.
„Мендух Тачи имаш таму картица или не“.
„Полека луѓе! Полека!“
„Има картица но системот не ја покажува. Има право да се изјасни и да реагира додека не сум потврдил“.
„Мендух Тачи гласа „ЗА“
По завршувањето на постапката за гласање, говореше премиерот Димитар Ковачески. Тој додаде дека овој нов состав нема никаков скриен интерес и дека избраните министри се квалитетни кадри.
Министри на АА во Владата ќе бидат Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, а Каја Шукова од СДСМ ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.
