Синот на Амди Бајрам негативен на коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам на својот Фејсбук профил во текот на вчерашниот ден го објави својот наод од тестот за коронавирус каде може да се види дека е негативен, односно дека нема присуство на вирусот.

За потсетување, неговиот татко Амди Бајрам, еден од поранешните пратеници во Собранието со најдолг стаж, како и лидер на Сојузот на Ромите, пред неколку дена почина на 64 години, а од Министерството за здравство информираа дека бил позитивен на коронавирус.