Најстариот син на Доналд Трамп, Доналд Џуниор, пристигна денеска во приватна посета на Гренланд, еден ден откако новоизбраниот американски претседател го повтори својот интерес да ја преземе контролата на островот, автономна територија на Данска, пренесува Ројтерс.
Доналд Трамп Јуниор летал со приватниот авион на својот татко „Trump Force One“ во посета која ќе трае 4-5 часа. Не се закажани средби со владини претставници на островот, кој има само 57.000 жители.
„Навистина сме среќни што сме овде. Тука сме како туристи за да го видиме ова неверојатно место“, изјави тој за локалната телевизија KNR по неговото пристигнување.
