Претседателот на Србија Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија со синот под која истакна дека истиот е заразен со коронавирус.
Тој додаде дека неговиот син е поради клиничката слика е примен на Инфективната клиника
„Кога се почна, мојот Данило ми кажа дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква што е примен на Инфективната клиника“, напиша Вучиќ и додаде дека е убеден дека тој ќе ја победи болеста.
