Дојдоа да го посетат помалиот брат кој е сместен во болница…
Убејд, дали си добро?
Се закрепна или не?
Ти недостигна ли братот?
Да.
Убејд е еден од 70 деца кои се лекуваат во Детската болница „Козле“. Респираторниот синцицијален вирус ги наполни капацитетите болницата, а дел од пациентите се дури и на кислородна поддршка. Докторката, Ивана Арнаудова Даневска објаснувајќи ги најчестите симптоми на оваа инфекција, рече дека вирусот може да се префрли и на долните респираторни органи и да предизвика акутен бронхиолитис или бронхопневмонија.
Вирусот почна да се шири пред еден месец, а дневно на контрола доаѓаат по околу 200 пациенти. Покрај бебињата, оваа инфекција ги погодува и децата на училишна возраст, вели др. Арнаудова.
Лекарите велат дека ширењето на инфекцијата е вообичаено за овој временски период, а се предизвикува од престој во колективни простории, како градинки и училишта и контакти меѓу децата. Апелираат почесто да се мијат рацете и лицето, да се проветруваат просторите каде што престојуваат деца и почести прошетки во природа, доколку температурите го дозволуваат тоа.
