Систем за наводнување на нивите на семејството Ахмети во Зајас – се снабдува од река каде се излеваат отпадни води

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во населба во Зајас се гради земјоделски систем за наводнување. Ќе биде долг 1300 метри за 100 хектари земјиште и чини 150 илјади евра. Оваа инвестиција опфаќа само една населба, која во последните години почна да сади тутун, бидејќи другите земјоделски површини во делот каде што се гради системот за наводнување со години не се обработуваат.

ТВ21: Господине има ниви и во селото Колари и во други села. Зошто е избран токму овој дел каде семејството Ахмети сади тутун?
Јакупи: Овие проекти јас ги затекнав тука и треба да завршат бидејќи се почнати од претходно. Да се спроведе докрај еден вакво проект потребни се години за добивање дозвола.

На ова прашање се надоврза и секретарот во Министерството за земјоделство, Реџаиљ Исмаили.

-Ќе сочувате ли некое прашање и за државниот секретар, бидејќи се во мој домен? Директорот само дава проценки за прашањето за водата-рече Исмаили.

По завршувањето на прес-конференцијата, земјоделецот Ведат Ахмети, брат на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, реагираше за локацијата на системот за наводнување.

-Ќе се надоврзам во врска со тоа зошто оваа изградба почна од Али Ахмети и рекоа дека тука се сади тутун. Ова барање го поднесовме уште пред 15 години, Фузи го продолжи. Пред 6 години бевме заедно во Скопје кога се правеше промоцијата на овие канали, не беше во проектот да дојде кај Али Ахмети-изјави Ахмети.

Потсетуваме дека селата во општините Крушево и Прилеп живеат од земјоделство, но немаат систем за наводнување, иако со години го бараат тоа.

ТВ21: Господине дали ги посетивте албанските села во Крушево? Нерово и уште неколку други кои се занимаваат со земјоделство, но немаат ниту систем за наводнување, ниту пак услови за работа. Јас ги посетив лани и забележавме проблеми, особено кај земјоделците. Затоа го поставив прашањето – кој побара систем за наводнување тука, кога има места кои имаат потреба од ваков систем, бидејќи живеат од тоа.
Исмаили: Јас сум првиот изготвувач на првата програма за земјоделство од ДУИ заедно со Бесир Јашари, Нефруз Челик и неколку други лица од 2003 година и секогаш сме работеле на проекти во албански населени места. За локацијата што ја спомнавте имаме направено физибилити студија.

Дополнителен проблем е што овој систем ќе се снабдува со вода од Зајаската река, каде што се излеваат отпадни води.

ТВ21: Во Зајаската река се излеваат отпадни води, дали ова претставува проблем за земјоделските површини?
Јакупи: Секако дека е проблем, ако навистина е така. Но, сливовите ќе бидат онаму каде што нема отпадни води.

Во селото Зајас има многу сточари кои се соочуваат со поголеми проблеми и потешкотии отколку системот за наводнување од 1300 метри. Тие пред делегацијата изразија загриженост за нивната ситуација.

-Ние сточарите сме во големи маки. Министерството ни скратува по 400 денари по јагне, во 2021 година ги изгубија… на секој сточар, на секоја компанија ѝ беше помогнато, а ние…-рече Ахмети.