Сите кои биле во контакт со Мицкоски и Заев, не се во ризик и нема потреба од тестирање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите оние кои биле контакт со лидерите на двете најголеми партии Христијан Мицкоски и Зоран Заев, нема да бидат тестирани, со оглед на негативните тестови и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и на лидерот на СДСМ.

„Во однос на двајцата лидери, до сега кои имале контакт со нив, не се во ризик и не треба да се тестираат ниту изолираат“, рече Филипче на денешната прес-конференција.