„Сите нека знаат“ – денес се одржува протестниот марш Скопје Прајд 2026

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Под слоганот „Сите нека знаат“, денеска во главиот град на земјава ќе се одржи веќе традиционалниот Скопје Прајд 2026.

Најавувајќи го протестниот марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ заедницата, организаторите велат дека слоганот „Сите нека знаат“ е одговор на тишината и замолчувањето со кое се соочуваат ЛГБТИК+ луѓето, но и порака дека тие се дел од секојдневниот живот, семејствата, пријателствата и работните средини во општеството.

Парадата ќе започне во 19 часот од Фонтаната во Градскиот парк во Скопје, додека собирањето на учесниците е закажано за еден час порано, во 18 часот. Маршот ќе се движи по булеварите Илинден, Партизански одреди и ВМРО, како и по улиците Рузвелтова и Димитрије Чуповски, а завршницата ќе биде во Жена парк – Борец, спроти Собранието.

Организаторите посочија дека промената и проширувањето на рутата има и симболично значење, со цел да се испрати порака дека јавниот простор им припаѓа на сите граѓани подеднакво.