„Нон-пејперот“ кој излезе од Јанез Јанша, е топ тема во медиумите низ Балканот во последните денови. На таа тема ТВ21 разговараше и со уредникот на РТСловенија, Вања Вардијан.
Тој истакна дека веројатно постои нон-пејпер, но и натаму не е познато дали доаѓа од Словенија, или не. Претходно во изјата за нашата телевизија кажа дека Јанез Јанша се обидувал да го заташка.
„Единствено на новинарско прашање за тоа каков е неговиот став за тој нон-пејпер или за некои нови поделби на границите на Балканот, многу интересно тој не се спротивстави на тоа туку рече дека нема став затоа што навидум тој нон-пејпер не постои.“, рече Вардијан и продолжи:
„Јас денеска разговарав со луѓето кои први во Словенија го објавија тој нон-пејпер, тие нормално не сакаа да кажат од каде го добиле, но рекоа една многу битна работа. Кога го прашале Јанша за нон-пејперот, тој не рекол дека не постои туку рекол дека не постои словенечки нон-пејпер, а тоа никој и не го прашал.“, вели Вардијан.
Уредникот на РТСловенија вели дека на некој начин во Словенија се кажува дека Јанша бил „курир“ на унгарскиот премиер Орбан, затоа што повеќе тој не е кредибилен партнер на ЕУ.
„На некои начин кај нас се објаснува, барем во тие кругови кои го откриле овој документ дека всушност Јанша на некој начин бил ‘курир’ на унгарскиот премиер Орбан кој заедно со Јанша и некои истомисленици разговарале околу тоа и напишале нешто во врска со тоа, но затоа што Орбан повеќе не е кредибилен партнер во Европската Унија, Јанша се нашол како курир кој за време на словенечкото претседавање со Европската Унија кое започнува во Јули, би можел околу тоа да зборува’, вели Вардијан.
Целата изјава низ видео:
