Возачот на автобусот Момчило Р.(56) кој загина во сударот што се случи во местото Стублине кај Обреновац, го видел камионот и во последен момент се обидел да го избегне, но не успеал.
Возачот го видел камионот, и почнал да врти надесно, но било предоцна. Камионот се забил во полниот автобус, и цозачот загинал на лице место.
„Камионот не го почитуваше знакот СТОП. Возачот на автобусот се обиде да го избегне судирот, но не успеа. Загина, ама со својот чин спаси многу животи. Кабината беше целосно згмечена, неговото тело беше пригмечено. Мораа да сечат дел од автобусот да го извадат“, вели очевидец на настанот.
Утврдено е дека возачот на каминот бил и позитивен на наркотични средства.
„На возачот по сообраќајната незгода му било извршено алкотестирање и дрога. Утврдено е дека нема алкохол во крвта, но нарко тестот покажал дека е позитивен на амфетамин – велат извори блиски до МВР на Србија.
