Скандал пред квалификациски натпревар: Фудбалски репрезентативци заглавиле 15 часа на аеродром без храна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалската репрезентација на Нигерија не сака да игра квалификациски натпревар против Либија за Африканскиот куп на нации!

Досега забележаа две победи против Бенин и Либија, нерешено против Руанда, моментално се први во групата Д и се блиску до одење во Африканскиот куп на нации. Во вторник требаше да играат против Либија, но во меѓувреме натпреварот беше откажан!

Имено, Нигерија имала големи проблеми при пристигнувањето во Либија, требало да слетаат во Бенгази, но биле пренасочени на аеродром оддалечен три часа, и дури тогаш почнале проблемите.

Либиската фудбалска федерација не ги испрати возилата кои требаше да ги превезат играчите до хотелот во Бенгази каде што требаше да престојуваат, па Нигеријците останаа заробени на аеродромот, без храна, интернет и место заспиење.

 „Поминавме повеќе од 12 часа на напуштен аеродром во Либија, откако нашиот авион беше пренасочен за време на слетувањето. Либиските власти ни ја укинаа дозволата за слетување во Бенгази без никаква причина.

По слетувањето во Ал Абрак, либиските служби не задржаа на аеродромот без можност за телефонски разговори, јадење или пиење. Веќе сум доживеал вакво нешто играјќи во Африка, но ова е срамно однесување, дури и туниски пилот досега не видел вакво нешто“, рече капитенот Вилијам Трост-Еконг на Ксу.

На крајот сето тоа се протегало на повеќе од 15 часа престој на аеродромот, а ова наводно е дел од одмаздата за третманот што фудбалерите на Либија го добиле во Нигерија пред само неколку дена…