Скандалозна снимка со Талат Џафери, од неговиот кабинет без објаснување, премиерот нема коментар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

-Сите службеници, конкретно од седниците, веднаш кај мене. Освен од седниците,сите што седат таму, сите, до последниот. Вие што земате плата и си играте тука. Ајде бегај, бегај таму, бегај…ќути, да ти….Што бараш овде? Ајде бегај, надвор!, ова се зборовите на претседателот на Собарнието Талат Џафери.

На социјалните мрежи кружи аудио снимка каде се слуша како едно лице се обраќа со висок тон и навредливи зборови на некои одредени лица. Се претендира дека лицето кое зборува е парламентарниот спикер Талат Џафери. Иако од кабинетот на претседателот на Собранието не дадоа објаснување за аудиото, самиот Џафери на вчерашната пленарна седница во Собранието ја објасни ситуацијата.

Премиерот Димитар Ковачевски беше прашан дали ќе биде санкциониран Џафери за ваквото однесување, но тој рече дека не е потврдено дали е тој на видеото.

Од ВМРО-ДПМНЕ ваквото однесување го оценуваат како “скандалозно“ и “примитивно“ и пцостите кон службениците се неприфатливи. Бараат оставка од Џафери.

Реагираше и опозициската АА.


„Ваков мобинг и однесување има во повеќето институции, само што во Собрание му се слушна гласот. Подолго време, не само Џафери туку и другите функсионери на ДУИ, на ист начин ги третираат и државните службеници, и граѓаните а често се обидуваат така да се однесуваат и со пратениците. Ова е типично однесување на режим, на диктатура кои функсионират само со страв и закани“, велат од Алијансата за Албанците.

Снимката која се појави на социјалните мрежи е фрагмент од преносот на седницата на Собранискиот тв канал и според коментарите е направена по завршување на седницата, кога микрофоните се уште биле вклучени и преносот продолжил.