Во тек е масовна полициска акција на 32 локации ширум Скопје, која опфаќа претреси на лица, нивни домови, како и на службени простории во Министерството за внатрешни работи (МВР), потврдија за медиумите од Основното јавно обвинителство Скопје.
Акцијата се реализира врз основа на судски наредби издадени од судија на претходна постапка, а по претходно барање и поднесена иницијатива од надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје.
Основно јавно обвинителство Скопје:
„Се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомненија за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик.“
Според првичните информации, истрагата е насочена кон разоткривање на сериозни сомненија за незаконско издавање и фалсификување на возачки дозволи и други документи. Надлежните институции најавуваат дека по завршувањето на претресите и целосното обезбедување на доказите, ќе излезат со подетални информации за резултатите од акцијата и евентуалните приведени лица.
