Скијач почина во бугарскиот ски центар Банско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скијач утрово почина на падината во познатиот бугарски ски центар Банско. Според очевидци, тој паднал и не успеал да се сопре.

Човекот паднал на земја и не можел да се задржи. Според првите информации, најверојатно станува збор за срцев удар додека скијал. Немало никаков удар од друг скијач или некој предмет.

Полицијата примила повик утрово во 9:15 часот. На местото веднаш пристигнале спасувачи од тимот во Банско, но мажот веќе бил починат.

Полицијата го истражува инцидентот.

Банско е местото каде што секоја зима има македонски туристи.