На одбележувањето една година од руската агресија врз Украина, многу граѓани, дури и Украинци кои се во нашава земја, во организација на здружението “Лескј Украинка“ се собраа во центарот на Скопје. Годишнината од почетокот на агресијата ја одбележаа со поезија и песни.
Претседателот на Лесја Украинка, Александар Урбанович, се заблагодари на Северна Македон8ија за пружената хуманитарна помош и поддршка за украинскиот народ.
Урбанович изјави дека околу 6 илјади Украинци се во Македонија а престојуваат само со лична карта, но не им е овозможено вработување или здравствено осигурување.
Урбанович побара во Македонија бегалците од Украина да се третираат исто како во ЕУ, како што дадава, само со лична карта да можат да работат и да имаат здравствено осигурување.
Од плоштадот “Македонија“ маршираа до паркот “Жена Борец“ каде положија цвеќе кај споменикот на Тарас Шевченко.
