СКСЗМ: Одлуката за осигурување на автомобили е еднострана и штетна за бизнис секторот и економијата во државата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„На многу бизниси им е потребно за се поддржуваат на возила за извршување на нивните активности, како транспорт на стоки, услуги и вработени“, стои во реакцијата на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на одлуката на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност, и ја оквалификува како неподдржувачка за бизнисот и економијата.

Повисоки цени на полисите за осигурување на автомобили може да имаат пошироки макроекономски ефекти со намалување на довербата и трошењето на потрошувачите, кои се суштински двигатели на економскиот раст, велат денеска од Комората.

-Со оваа донесена одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се ограничуваат ингиренците на другите релевантни фактори како што се компаниите, со која цените за автоодговорност се контролираат целосно од државата, се вели во денешното соопштение од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.