Слабее како од шега: Диететичар открива која храна придонесува за слабеење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Добрата исхрана е важен дел за постигнување и одржување на здрава телесна тежина.

Според порталот Eat This, доколку нашата крајна цел е да изгубиме неколку килограми, ќе мора на телото да му обезбедиме урамнотежена исхрана богата со хранливи материи.

„Урамнотежената исхрана, со доволно протеини и добра рамнотежа на јаглехидрати, протеини и здрави масти, е клучна за губење на тежината бидејќи ќе помогне да се потисне гладот ​​за да се спротивстави на нагонот за прејадување“, објаснува регистрираната диететичарка Кетрин Брукинг. Како што тврди, постојат одредени намирници кои докажано го поттикнуваат слабеењето, а тоа се:

  • пилешки гради
  • Артичока
  • сладок компир
  • леб од цело зрно
  • брокула
  • кафеав ориз
  • авокадо
  • карфиол
  • спанаќ
  • јајца
  • Грчки јогурт
  • малини
  • ф’стаци
  • ореви
  • тофу
  • целер
  • кељ
  • боровинки
  • овесна каша од цело зрно.