Славење во Коњари, запрен ископот на песок – прекин додека не стигне извештај од Инспекторатот за животна средина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Го блокираа патот од селото со автомобили. Овој пат не протестираат, туку слават. Причина е привремениот прекин на ископот на песок од страна на концесионерот во селото Средно Коњари, општина Петровец.  Првиот кој доцна синоќа соопшти дека работите ќе бидат прекинати беше министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа.

„На денешната седница на Владата, донесовме многу важна одлука за запирање на привремената работа на концесионерот што го експлоатира земјиштето во селото Коњаре – општина Петровец. Со оваа одлука, работите ќе бидат запрени, сè додека не бидат примени извештаите од сите релевантни институции“, истакна Аријанит Хоџа.

Владиниот портпарол Мухамед Хоџа рече дека прекинот на работите на фирмата во Коњари ќе трае додека се изврши инспекција од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

„Република Северна Македонија на одржаната седница вчера усвои одлука за привремен прекин на работата за експлоатација на чакал или песок во реката Пчиња во зоната на селото Средно Коњари. Овој прекин на концесијата ќе трае додека се изврши инспекција од страна на Државниот инспекторат за животна средина поради индикации на населението во врска со ископот што се врши надвор од концесијата“, вели Мухамед Хоџа.

Инаку министерот за економија, Крешник Бектеши во Клик Плус рече дека го чека извештајот од Инспекторатот за животна средина и Инспекторатот за земјоделство да видат дали има кршење и нерегуларности и доколку се утврди такво нешто, рече дека договорот веднаш ќе се поништи. Пред неколку дена, десетици жители кои протестираа беа повикани во полициска страница поради блокада на автопатот без претходна најава. Од друга страна, пак, компанијата која врши ископ на песок тврди дека се е регуларно, а воедно има и регуларна концесија со траење од 40 години.