И покрај воведувањето привремена администрација, „Алта банка“ АД Битола е финансиски стабилна, ликвидна и ги исполнува сите супервизорски стандарди, уверува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.
Според него, банката располага со високо ниво на капитал и солиден квалитет на кредитното портфолио.
Славески објасни дека преземените мерки не се резултат на утврдени финансиски слабости во банката во Битола, туку исклучиво на случувањата поврзани со нејзиниот акционер, „Алта банка“ АД Белград.
Целта на интервенцијата, како што посочи, е да се зачуваат средствата и интересите на штедачите.
