Славески: Арсовска на потег, приватните превозници бараат зголемување на цената – градоначалничката врати: Биди храбар Трајко!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Продолжуваат препукувањата меѓу претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска.

Попладнево Славески на својот профил на Х истакна дека приватните превозници барале зголемување на цената на услуги, и за ова на потег е градоначалничката Арсовска.

„Приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги. На потег е градоначалникот Арсовска“, вели Славески.

На ова со реакција се јави и градоначалчничката Арсовска.

Според неа, бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од неа – ја има.

„Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не. Биди храбар Трајко!“, вели Арсовска.