Следува стабилно и студено време со ниски утрински температури

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=7°C. P=989hPa. U=75%. V=2m/s.

Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, особено во првите денови од следната седмица, кога наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).