Слободанка бара сензори за дијабетичарите, празникот го помина протестирајќи сама пред Собрание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сама, со транспарент во рацете, Слободанка Камчева овој 8 Март го помина на протест пред Собранието.

Бара спроведување на членот 9 и 11 од законот за здравствена грижа.

Вели дека сензорите за дијабетичари можат да ги добијат само деца до 18 години.

Слободанка вели дека има околу 4300 други пациенти кои не го добиваат овој третман, и додава дека се чувствуваат дискриминирани.

Дали се запознаени со овој случај и зошто не сите пациенти со дијабетес ги добиваат сензорите, прашавме во МЗ но не добивме одговор.