Премиерот на Словачка Роберт Фицо свика итен состанок на Советот за национална безбедност на Словачка за 23 јануари во врска со информации за закана од државен удар, пренесува порталот „Деник Н“.
„Моделот што се подготвува е многу едноставен и испробан во многу земји. Можам да потврдам дека постои група експерти во Словачка, кои учествуваа во настаните во Грузија и активно учествуваа на демонстрациите во Украина. Таа групација се финансира од различни извори“, рече Фицо на прес-конференцијата.
Тој најави дека при обични антивладини протести може да има обиди за упад во владини згради или обиди за нивно окупирање со цел да се наруши работата на државните органи.
„Целта ќе биде падот на Владата“, рече Фицо.
