Словенечката влада воведува нови ограничувања на движењата на граѓаните за да го спречи ширењето на коронавирусот, објавено е после седницата која се одвивала во доцните вечерни часови.
Објектите и зградите со повеќе станови ќе мора да се дезинфецираат најмалку два пати дневно, особено влезните врати, оградите и копчињата на лифтовите во кои не смеат да се возат повеќе од еден станар.
Од понеделник од 8 до 10 часот, во маркетите ќе може да купуваат само инвалиди, трудници и пензионери.
Одлучено е да се продолжи затворањето на границите за патниците кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ.
Поради честите кршења на забраната за движење, Словенија размислува да ги затвори општините, односно луѓето да не смеат да се движат од една во друга општина.
