Случај „ТНТ“: Одбраната бара изземање на обвинителот Бурим Рустеми

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сеизмолошката опсерваторија со детали за земјотресот кај Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентар кај Маврово – „Кратко, ама јако“

Земјотрес со јачина од 2,9 степени по рихтер вечерва во 22 часот и 43 минути е регистриран на територија...

Милевски не сака широка Влада: „Ако си се сакаат, нека си се земат – ЛДП на таква свадба нема да присуствува“

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски се огласи по повод најавата за можна широка влада која ја најави Зоран Заев...

Вучиќ: Покрај вакцини, набавуваме и лек против коронавирус кој чини многу скапо

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека земјата набавува и два лека кои помагаат од лечењето од коронавирус....

Камион полн со марихуана запленет на ГП „Богородица“

Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА. Сител пренесува дека биле...

Одбраната на обвинетите во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, на денешното рочиште побара изземање на јавниот обвинител Бурим Рустеми, под сомнение за пристрасност.

Одбраната смета дека по согласност на обвинителот Рустеми поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева го повлекла обвинителниот акт против Ардијан Амзоски, зет на оштетениот во случајот, Фијат Цановски, за што по повлекувањето на обвинението, фирмата на Амзоски во неколку наврати на сметката на Меѓународен сојуз исплатилa вкупно 850.000 eвра.

Адвокатот Јовица Страшевски, во соопштение до медиумите, го достави барањето за изземање на Рустеми, кое го доставиле до Јавниот обвинител Љуборми Јовески, за кого сметаат дека е надлежен да одлучува.

– На ден 19.10.2017 година пред официјално да се поднесе Поднесокот за повлекување на обвинителен акт од страна на Обвинителката Катица Јанева, а по претходна согласност од обвинителот Бурим Рустеми, Аријан Амзоски му успраќа порака на Бојан Јовановски „СЈО го повлече денес предмето. Благодарам од срце ајде сега раат да почнеме да работиме“.

На ден 20.10.2017 година со намера да ја оствари својата цел без ниту еден дополнителен доказ, без образложение или отпочната главна расправа со изведување на докази, Катица Јанева како СЈО по претходна согласност од обвинителот Бурим Рустеми, кој бил надлежен за овој предмет, го повлекува позитивно оценетиот обвинителен акт ТД „ФИНЕ“ ДОО Струга и Ардијан Амзоски како управител на ова трговско друштво за сторено кривично дело бесправно градење, се вели во поднесеното барање за изземање.

Случајот „ТНТ“ се води против поранешниот премиер во бегство Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски и други четири лица, за незаконското уривање на објектот „Космос“ на Фијат Цанвоски.