Случајот „Беса Транс“ падна во Апелацискиот суд, кој ја укина првостепената пресуда и го врати случајот на повторно судење, дознава Алсат.
Овој случај не е директно поврзан со причините за трагичната автобуска несреќа на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија на 23 ноември 2021 година, кога загинаа 45 лица.
Судијата Ивица Стефановски, кој го водеше случајот, ја донесе пресудата во март оваа година во Основниот Кривичен суд во Скопје.
Тој одлучи дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс“ се виновни, бидејќи Хаџиу, како управител на компанијата, во повеќе наврати користел лажна јавна исправа – извод од лиценца за вршење јавен превоз во меѓународен патен сообраќај, која не била издадена од Министерството за транспорт и врски за конкретниот автобус.
Првостепеното судење започна на 15 ноември 2022 година.