Истражувачи на Универзитетот во Единбург, откриле дека слушањето на музика во текот на трчањето може да ја подобри издржливоста кога чувствувате ментален замор. Оние кои слушале музика, а биле ментално исрцпени, имале исти резултати како оние кои не биле ментално исцрпени.
Истражувачите со помош на два теста проучувале како слушањато на музика влијае на трчањето. Првиот истражувал влијание на интервалното трчање, а другото на рута од пет километри.
Учесниците исполниле 30 минутен тест на компјутер кој ги довел во ментална уморна ситуација пред почетокот на трчањето. Потоа ги тестирале како трчаат и слушаат музика. Потоа ги споредиле резултатите со оние без музика.
Кај интервалното трчање, резултатите се, кога учесниците биле ментално уморни, били подобри кога слушале музика. Резултатите биле слични и кај трчањето на пет километри.
