Кал и смрдеа.
Со овие два збора ја опишуваат состојбата со канализацијата жителите од еден дел на Горно Свиларе во скопски Сарај.
Поради смрдеата, еден од жителите ни кажа дека не може ни во двор да се излезе, а стравуваат и од некакви болести.
„Редовно плаќаме, ако не платиме еден месец, 2-3 месец не даваат на извршител“.
-Има проблеми со смрдеа?
„Сега времето е ладно, не смрди многу, но се ближи пролет, времето ќе биде потопло, нема да можеме да излеземе ни во двор. Ова ќе биде уште една пандемија ако затопли времето“.
-Дали го имате локализирано проблемот?
„Тие самите гледаат, и вие гледате, ние и самите се обидуваме да го решиме проблемот“.
Од општина Сарај ни рекоа дека екипите на јавното претпријатие се известени за проблемот и дека ќе биде решен наскоро.
„Со завршување на работите кои се одвиваат за реконструкција на главната улица, со што е опфатено и поставување фекална и атмосферска канализација и со помош на ЈП Водовод и канализација, овој дефект кој претставува сериозен проблем за жителите на Горно Свиларе, ќе биде саниран“, велат од општина Сарај.
Сепак, жителите велат дека реконструкцијата на оваа улица трае веќе девет месеци.
