Снег го блокираше Истанбул – МНР: Ниту еден државјанин на РСМ не е во опасност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Невремето блокираше многу луѓе во најголемиот град во Турција, Истанбул. Летовите од Истанбул и обратно се откажани втор ден по ред. Голем број туристи ноќта ја поминаа на аеродром.Долги колони беа создадени и од автомобили, а возачите кои се движеа по снегот, не успеваа да одржуваат рамнотежа врз возилото.

ТВ21 праша во МНР дали има наши државјани кои останаа блокирани во Истанбул, од каде ни одговорија дека досега не е пријавен ниту еден загрозен државјанин на РСМ во Турција.

„Министерството за надворешни работи внимателно ја следи ситуацијата со невремето во Република Турција, преку Амбасадата во турскиот главен град, Анкара како и Генералниот конзулат во Истанбул. Според досегашните информации добиени од нашите дипломатско-конзуларни претставништва, не е регистриран загрозен државјанин на Северна Македонија во Турција“, велат од МНР.

Од МНР ги повикуваат нашите државјани кои се наоѓаат во Турција, доколку имаат потреба за помош да ги контактираат дипломатско-конзуларните претставништва.


Турските власти денеска одлучија аеродромот да остане затворен уште некое време. Покривот на еден од товарните терминали се урна, но иако не предизвика никакви повреди, сепак беа откажани сите летови од Блискиот Исток и Африка кон Европа и Азија.
Врнежите од снег почнаа кон крајот на минатата недела, а последниве денови се поинтензивни. Пред два дена најмалку три лица го загубија животот во автобуска сообраќајна несреќа во северната провинција Токат, а 18 беа повредени откако возачот ја изгуби контролата над автобусот и заврши во провалија.