Од руското министерство за вонредни состојби, потврдиле дека 38 лица, главно малолетни деца, успешно биле евакуирани во лавина во областа на Мурманск. За жал, едно девојче загина.
ТАС пренесува дека освен групата која била зафатена со лавината, евакуирана била и друга група на туристи која идела по истиот пат, откако нивниот водич донел одлука да сопре.
„Во акцијата учествуваа 48 професионални спасувачи и користена е специјална опрема. вкупно 38 лица се преместени во привремен камп, вклучувајќи 31 малолетно дете. Поради влошување на временската ситуација, е донесена одлука загрозените лица да се преместат во Апатити“, соопшти министерството.
ТАС претодно пренесе дека во лавина биле исчезнати три тинејџери, од кои двајца биле спасени а едно девојче починало.
