ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 16 часот (во см)
71 Попова Шапка, 44 Маврови Анови, 41 Крушево, 36 Битола, 33 Дебар, 28 Демир Капија, 25 Претор, Тетово, 24 Прилеп, Штип, 22 Берово, 18 Охрид, 17 Крива Паланка, 15 Скопје-Петровец, 7 Скопје-Зајчев Рид.
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)
-14 Попова Шапка, -12 Маврово, -8 Берово, -7 Претор, Прилеп, -6 Крива Паланка, Охрид, Битола, -4 Скопје, Тетово, Штип, -3 Демир Капија, Струмица, -2 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Облачно, студено и ветровито со врнежи од снег. Дуваше умерен до засилен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Облачно, во јужните делови со повремени врнежи од снег, кои до крајот на денот ќе престанат. Во текот на ноќта умерено облачно со умерен до засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -6, а максималната ќе достигне од -5 до 0 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 0 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Од утре следува период на стабилно и многу студено време со потпросечни температури за овој период и со умерен до засилен северен ветер. Утринските температури до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под – 10, а на места и под -15 степени. Дневните температури ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.
