Не е добра порака не присуствоо на Бугарија на Преспа Форумот вели премиерот Заев во интервју за ТВ21. Иако има горчина и пораки кои не разделуваат со недавањето зелено светло, ние сме пријатели со Бигарија вели тој.
„Покана испративме уште кога почна организацијата на Самитот, тогаш беше Бојко Борисов премиер. Па, дојде нов премиер времениот или техничкиот премиер г-динот Сефан Јанев уште еднаш испративме нормално испративме и до претседателот. Имавме најава дека ќе има претставници, но за жал не дојдоа. Ќе ги видиме проичините немаме одговор, но не е добра порака. Во најмала рака можеби е кабаетлија, не знам, се надевам дека е, затоа што ние сме пријатели“, истакна Зоран Заев.
Заев открива дека со Бугарија има решение .
„Јас можам да кажам дека со Бугарија имаме решение кои се прифатливи за двете страни. Сакам да верувам дека и овојпат не добивме зелено светло дека немаат Парламент и немаат Влада. Затоа што знам што разговарав и знам дека се адресирани грижите на Бугарија“, посочи Зоран Заев.
Немаше претставници ниту од опозицијата. Иако премиерот вели дека сите би биле благопријатно изненадени да го видат лидерот на опозицијата на Форумот. Мицкоски пак го повикува Заев на лидерска и потпишување Декларација за зачувување на државните интереси.
„Сите наши граѓани би биле благопријатно изненадени и со позитивни чувства да го видеа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тука. Претставниците на Националниот Совет во ЕУ во парламентот или Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Парламентот тоа се луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.Убаво би било да бидат тука“, вели Зоран Заев.
Заев додава дека тие би требало да бидат дел од организаторите не дел од гостите, бидејќи како што вели ова е наше заедничко.
