Со детектор откриле артефакти вредни 100.000 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека шетаа по полињата лоцирани околу Јоркшир на северот на Англија, Џејмс Спарк и Марк Дидлик слушнаа, како и многу пати порано, звук со висока фреквенција во слушалките. Тоа беше јасен знак дека нешто има под нив. Со оглед на тоа што овие двајца Британци со години професионално се занимаваат со „лов“ на разни стари предмети и артефакти, главно оние кои датираат од римско време, овој пат наидоа на еден таков улов, само што и двајцата беа многу изненадени од неговата вредност.

Имено, на околу еден метар под земјата, тие пронајдоа мала биста на римскиот император Маркус Аврелиј висока 13 см, метален нишал, рачка за нож во форма на коњ и фигурина на богот Марс. Апарат за 2000 евра – Отпрвин мислевме дека ќе бидеме среќни ако успееме да добиеме 15 илјади фунти за сето ова, и според најоптимистичките проценки.

Предметите биле добро сочувани, што не е мала работа со оглед на тоа што се стари приближно 1900 години. Ги одведовме на проценка во аукциската куќа со која вообичаено соработуваме, а тие не контактираа неколку дена подоцна и не известија дека веќе имаат неофицијална понуда од дури 90 илјади евра, и тоа само за бистата на Маркус Аврелиј.

Со оглед на тоа што четирите артикли се продаваат заедно, како што стојат работите засега, тие ќе одат за минимум 100 илјади евра – рече Спарк. Дека станува збор за навистина веродостојни наоди, потврди и британскиот музеј за преносни антиквитети, каде што предметите ќе бидат изложени во два наврати, еднаш кон крајот на април, а друг пат на почетокот на мај, така што потенцијалните купувачи ќе можат да ги прегледаат пред аукцијата.

На крајот, двајцата ловци на антиквитети ќе добијат приближно 40 проценти од вкупната вредност на предметите затоа што според британскиот закон тие мора да му дадат половина од износот на сопственикот на земјиштето на чија парцела ги нашле предметите, а аукциската куќа ќе ги земе своите сподели.