Со нож и се заканувал на вонбрачната сопруга и ги одзел двете малолетни деца

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 29.09.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ш.(24) од Скопје, по претходна пријава дека околу 19.30 часот во прифатен центар за бездомни лица во с.Визбегово, скопско, со закана со остар предмет и физичка сила од неговата 23-годишна вонбрачна сопруга ги одзел нивните две малолетни деца. Известен бил Центарот за социјална работа, а малолетниците биле вратени на нивната мајка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава.