Со помош на АА-ААА помина Законот за попис – ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

МВР приведе криминалец баран од германската полиција

На 05.03.2021 во 13,00 часот на Граничен премин „Јажинце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Д.М.(30) од Германија...

Африм Гаши за предлогот на Заев: Ова не е нова идеја

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за ТВ21 го коментираше предлогот на премиерот Зоран Заев за разговори со опозицијата да...

Милошоски: Заев потврди дека на Македонија и треба нова Влада, власта нема капацитет да излезе од кризата

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на...

Заев најави можна соработка со опозицијата: Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада!

Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата за идно формирање на Влада за национален спас....

Во моментов низ инфективните одделенија и болниците се лекуваат 795 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти...

Со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласан е Законот за попис на населението. Глас дадоа пратениците од СДСМ, ДУИ и Беса, како и од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, додека ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето.

Претходно координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски се пожали за врзан потпис на директорот и заменик-директорот на Државниот завод за статистика.

Собранискиот спикер со реакција. Вели дека врзаните потписи се резултат на Договорот од Пржино. 

На говорница излезе и пратеникот од коалицијата АА-ААА, Скендер Реџепи, кој го покрена прашањето – зошто на мнозинството му се брза да го стави законот на гласање?

„Гледам дека на мнозинството му се брза да го донесе законот, но ние не се брзаме. Ние сакаме јавноста да ги види овие факти, она што се случуваше во изминативе денови во врска со Законот за попис. Претседателе Џафери, Вие бевте сведок дека нашата пратеничка група беше во Собрание, но до 13:30 во Собранието немаше никој ниту од опозицијата, ниту од власта. Вие сте сведок дека во 13:40 Ве повикав и ми кажавте – нема да има седница, слободни сте можете да си одите“, истакна Скендер Реџепи.

Инаку, предвидено е пописот да се спроведе од 1 до 21 април. Последното пребројување во Македонија е направено во 2002 година. Следниот требаше да се одржи во 2011, но обидот пропадна, за што има отворено и судски предмет. Вообичаено пописите се спроведуваат на секои 10 години.