Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по денешната средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји на својот Фејсбук профил напиша дека со позитивно размислување и без црна кампања, Северна Македонија ќе постигне многу повеќе и ќе покаже дека ги прифаќа европските вредности и добрососедството.
„Благодарност до комесарот за проширување Оливер Вархеји за плодниот состанок денес. Тој е еден од двигателите на проширувањето на Европската унија и голем пријател на Бугарија, кој целосно ја разбира нашата посветеност кон Западен Балкан и нашата загриженост за земјите-кандидати да се приклучат на нашето семејство како нереформирани. Уверена сум дека со позитивно размислување и без црн ПР, Република Северна Македонија ќе постигне многу повеќе, за да покаже дека ги прифаќа европските вредности и добрососедството. И Бугарија никогаш не ја повлекла подадената рака“, пишува Захариева на својот Фејсбук профил.
