Ова лето две нови авиолинии, два пати неделно преку авиокомпанијата „Виз ер“, ќе се реализираат од Белград до Санторини и Крит во Грција, започнувајќи од јуни.
Од таму соопштуваат дека билетите ќе бидат достапни преку официјалната веб страница на „Виз ер“ или преку нивната мобилна апликација.
Додаваат дека ќе се спроведуваат дополнителни хигиенски мерки, меѓу кои и физичко растојание за време на летот, како и поголема чистота во авионот, со цел заштита на здравјето на патниците и екипажот.
Апелираат патниците да се пријават и направат сите набавки преку интернет, вклучувајќи го и дополнителниот багаж, со цел да се скрати престојот на аеродромите.
