На 07.09.2026 во 03:50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Н.Т.(72) од Прилеп, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
