Собрание или театар? Џафери: 101 пратеник сте запишани и ќе барате патни трошоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сте се потпишале дека сте присутни тука 101 пратеник и ќе барате патни трошоци…

Вака претседателот на Собранието Талат Џафери му одговори на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на вчерашната тензична седница во која тој му рече дека прави театар од Собранието.

„Претседателе после целиов ден што го направивте морам да ви кажам дека треба да престанете да правите театар од Собранието. Треба да престанете да ја девалвирате вредноста на институцијата Собрание и на пратениците во ова Собрание.“, рече Мицевски.

По ова пратениците ја напуштија салата…

„Можете да одите како што тргнавте професорке…“, рече Џафери.

Но, откако почна да чита Џафери кој е присутен се вратија во салата. Откако ги прочита, повторно излегоа. Остана само координаторот Мицевски, а и тензијата продолжи.

„Даниела Марковска има збор…. Повели Даниела имаш микрофон, зборувај. Никола Мицевски оди на свое место ти земи го микрофонот , дај и го микрофонот и оди на место и од место. Никола Мицевски….Никола Мицевски…. тргни се од таму, тргни се од таму не ти место таму…Даниела продолжи си зборот. Никола Мицевски тргни се од таму. Обезбедување, тргнете го координаторот….“

„Што мислите вие, јадам слама јас овде. Што водам јас овде, што водам јас овде. Не водам биџос таму, да се кладилница, да се кладам. Институција државна водам овде.
Ма сто саати ќе зборам…. па три месеци ме држите овде. Да да, збори колку сакаш. Цел ден ми тупите овде со медиумите. Цел ден тупите со медиумите Талат, Талат, Талат, еве ви го Талат овде. Влезете овде да се донесат законите.“, рече Џафери.

По вчерашниот тензичен ден, денеска шефот на парламентот Џафери закажа парламентарно претседателство, на кое се расправа како ќе продолжи со работа законодавниот дом. Џафери средбата ја свика по прекинувањето на вчерашната седница затоа што опозицијата ја напушти салата и со тоа немаше кворум за гласање, а седница за петтиот пакет економски мерки не се ни одржа.