Поради немање кворум, Собранието денеска работата ја почна со друга седница која беше почната уште пред неколку месеци. И денеска во законодавниот дом, парламентарното мнозинство не беше присутно, а кворум не обезбеди ниту македонската опозиција.
На пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и возврати собранискиот спикер Талат Џафери. Истакна дека не е во ред да доаѓате во Собрание, да се потпишете, да земете патни трошоци а да не влегувате на седници.
Според координаторот на парламентарната група на ДУИ, Арбр Адеми парламентарното мнозинство е стабилно, дури додаде дека работат на обезбедување мнозинство за гласање на уставните измени.
„Нема причина парламентарното мнозинство да не биде стабилно. Напротив фокусирани сме да обезбедиме 2/3 од пратениците со цел да го заокружиме евроинтегративниот процес кого го почнавме и враќање нема, со што ќе заокружиме процес кој е многу важен за нас, за граѓаните и земјава“, посочи Арбр Адеми.
За истата, 79-та седница, Собранието немаше кворум, по што собранискиот спикер Талат Џафери свика координативна средба на која рече дека доколку не се обезбеди кворум во Собранието, ќе поднесе иницијатива за распуштање на Собранието.
