Собранието да расправа по сите документи – Кацарска вели дека необјавувањето на протоколот создава сомнеж

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во овој момент сите имаме одговорност да му дадеме простор на Собранието рационално да расправа за предлогот на Преговарачката рамка, вели Симонида Кацарска од Институтот за европска политика.

Таа додава дека необјавувањето на протоколот и записниците оневозможува дел од луѓето да ја проценат состојбата и веројатно поради тоа се создава простор за недоумици и за поинакви толкувања.

„Веројатно е подобро за сите нас доколку би знаеле во целиот тој пакет кои се тие документи и како изгледаат. Инаку, не можеме да говориме за суштествена дебата. Собранието е исклучително важно, бидејќи знаеме дека првиот чекор којшто доаѓа кај нас е промената на Уставот во тековниот предлог на преговарачката рамка, што нема да биде лесен чекор и за него мора да бидат обезбедени сите чинители колку што е возможно повеќе“, вели Симонида Кацарска.