Собранието на Kосово ја усвои декларацијата за пресудата на Специјалниот суд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Собранието на Косово ја усвои декларацијата во врска со првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Иницијативата за оваа декларација дојде од Демократската партија на Косово, додека нејзината содржина била усогласена меѓу сите албански пратенички групи.

Со декларацијата, Собранието изразува длабока загриженост за првостепената пресуда. Истовремено, пратениците изразиле загриженост во врска со недостигот на транспарентност и почитувањето на стандардите за правично судењe. Во декларацијата, исто така, се наведува дека Собранието го смета за неприфатлив заклучокот за постоење на заедничка криминална цел, како и одговорноста која, врз основа на овој заклучок, им е припишана на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.