Собранието на Црна Гора, ги разреши министрите за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ, на предлог на премиерот Дритон Абазовиќ, откако претходно на неговата влада и беше изгласана недоверба.
Ова е првпат во парламентарната историја на Црна Гора да се разрешуваат министри во Владата на која веќе и е изгласана недоверба, што според правниците е неуставно. Пратнеиците гласале за оваа одлука само неколку часа пред почетокот на изборниот молк за локалните избори закажани за утре.
Абазовиќ порача дека Коњевиќ и Кривокапиќ немаат право да ги злоупотребуваат своите позиции.
„Ако некој мисли дека надворешната политика на Црна Гора треба да се прилагоди на одбрана на Мило Ѓукановиќ, испраќање на неточни информации до меѓународната заедница, сметам дека тоа е непримерно. Министерот за одбрана не го превземаше она што од него се очекуваше“, рече Абазовиќ.
