Претседателот на Собранието, Африм Гаши информира дека преку Програмата за парламентарна поддршка, вечерва Собранието се обои во портокалова боја, со што се приклучува на светската кампања „ 16 дена активизам против родово базирано насилство“.
„Сакам да истакнам дека овој чин не е само визуелен симбол, туку јасна и моќна порака дека највисокaта претставничка институција е посветен да биде на страната на секоја жена и девојка и не толерира насилство под никакви околности.
Нека портокаловата светлина послужи како повик за одраз, а заедно со оваа светлина да се разбуди и надежта за општество каде секоја жена и секоја девојка живее без страв, почитувана и заштитена“, вели Гаши.
