Собранието сè уште не одредило наследник – народниот правобранител Насер Зибери во пензија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По четири години на функцијата Народен правобранител, Насер Зибери замина во пензија. Како што изјави за ТВ21, неговиот мандат на оваа позиција се карактеризирал со постојана заложба за зајакнување на владеењето на правото, заштита на човековите права и обезбедување на потранспарентна и поодговорна администрација. Иако се пожали дека соработката со институциите на редот и правдата не била на потребното ниво, сепак вели дека е задоволен од постигнатото.

„Ако Собранието беше поодговорно кон барањата на Народниот правобранител, ако Владата беше поодговорна кон барањата на Народниот правобранител и вршеше посериозен мониторинг… Собранието не успеа најпрво да го измени законот за Народен правобранител со кој ќе се регулираше и прашањето за мандатот на Народниот правобранител, не ги одобри мерките за имплементација на препораките што произлегуваат од годишниот извештај на Народниот правобранител, не успеа да ги избере седумте заменици-правобранители и така натаму.“, порача Насер Зибери.

Во моментов, Македонија е без Народен правобранител.

„Тоа значи дека три месеци пред истекот на мојот мандат, Собранието требаше да го распише конкурсот, со цел да не дојде до празнина на чело на институцијата Народен правобранител. Пред неколку дена го распишаа конкурсот, се појави празнина и институцијата сега нема Народен правобранител, сите активности во институцијата се блокирани, а голем број проекти со меѓународните фактори се стопирани.“, вели Насер Зибери.

Од Собранието информираат дека е потпишана одлуката за распишување конкурс за избор на нов правобранител. Новиот омбудсман треба да се избере со бадентер.