Софијанова: Сметам дека мерката за носење на маската на отворено е исправна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гостин во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва е д-р Аспазија Софијанова. Прво пршање кое го поставивме е за мерката да се носи маска на отворено.

Софијанова смета дека таа мерка е исправна, и дека подобро е да се има, отколку да се нема. Исклучок, смета таа, треба да е планина.

„Јас имам конзервативен став околу оваа мерка и сметам дека е исправна, и тоа не е направена како аналитика и статистика. Но, тоа е статистика на глобално ниво. Експертите правеле анализа на вирусот, и сметаат дека е исправно така. Од друга страна имаме работа со нешто непознато. Имаме вирус кој беше вирулентен, па се намали тоа, и сега се случува нешто страшно“, рече Софијанова.

Целата изјава низ видео: