Софијанова: За вакцина ќе мора да почекаме, тоа е долг и сложен процес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проф. д-р Аспазија Софијанова вчерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Зборуваме за коронавирусот, а Софијанова коментираше за вакцината.

Таа смета дека е решение, но дека ќе ја почекаме.

„Секоја вакцина кога се создава, треба време затоа што минува во неколку фази. Создавање, па лабараториско тестирање, па потоа тестирање на луѓе. Тоа е долг процес и треба време. Нема да има за кратко време, сметам дека реално би било некаде кон март-април идната година“, рече Софијанова.