„Соголена“ планината Јабланица – Жителите на Вишни и Радолишта вознемирени бараат решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илегалната сеча на дрва, ја „соголија“ планината Јабланица. Дневно, низ струшкото село Вишни поминуваат по 60 натоварени камиони. Истото се случува и во селото Радолишта. Жителите се собраа за да алармираат за состојбата и да побараат помош од надлежните. 

Тие се против дивата и неконтролираната сеча на атарот на Јабланица. Велат дека планината се уништува и стравуваат дека селата ќе бидат изложени на природни непогоди. Дополнителен проблем за нив, како што велат, е тоа што камионите им ги уништуваат улиците.

Со ист проблем веќе десет години се соочува и селото Радолишта.

„Во Радолишта со години се сечат илегално дрва. Овој проблем го има и Вишни. Се сечат дрва и приватно, и со концесија. Јас веќе 10 години се борам против овој проблем“, истакна Џевдет Даути.

Локалните мештани постојано ги известувале шумската полиција и инспекторатот со цел да преземат мерки за спречување на дивата сеча, но како што велат, досега надлежните не презеле ништо.